499
Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој е и претходникот на новиот министер за здравство, Венко Филипче, го критикува неговиот проект за централизирани лабаратории. Според Таравари никаде на светот нема таков систем. Вели дека проектот е скандалозен и штетен за пациентите.
-На пример во Полошкиот регион има 300.000 жители и целата крв ќе се носи во Тетово исто ќе биде и во останатите градови каде ќе има централизирани лаборатории. И таму ќе се соберат многу резултати, и ќе настане проблем. Јас прогнозирам дека за кратко ќе се откажат од оваа идеја, изјави за Сител Арбен Таравари.