Стоилковиќ за изјавата на Хатчисон: Која руска агресија? Воздухот што го дишеме е под контрола на ЕУ и НАТО

by fokus

Пратеникот, Иван Стоилковиќ, и претседател на Демократската партија на Србите, вели дека во Македонија нема руско влијание. Своето тврдење го докажува со фактот дека во Македонија нема руска телевизија, ниту руски сајтови. Се она што се случува во земјава, вели, е под директно влијание на западот.

-Воздухот што го дишеме во Македонија е под контрола на НАТО и ЕУ. Се она што се случува е под директно влијание на нашите западни пријатели. Какво руско влијание? Што има руско во Македонија па се загрижени дека ќе ја нападнат. Кој ќе ја нападне Македонија? – рече Стоилковиќ во вечерашното гостување на „Само вистина“, по однос на изјавата на амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хатчисон, дека НАТО ќе ја брани Македонија од руска агресија.

На прашањето дали тој спаѓа во групата на луѓе преку кои се врши руско влијание врз Македонија, Стоилковиќ одговори:

-Ако го следам вашиот тек на мислата можам да заклучам дека се наоѓам во студото на Канал5, сопственост на руски олигарски и дека вршиме руска пропаганда – рече Стоилковиќ и додаде дека одговорот е ироничен како што е и прашањето.

За неговата посета во Москва каде потпиша декларација, Стоилковиќ рече дека сакал само да прати сигнал што се подготвува во Македонија преку тиранската платформа и за изместените политички приоритети.

-Македонија е држава која се граничи со НАТО сојузници. Кој ќе ја нападне ако од внатре не ја руинираат? Тезите за руско влијание се далеку од вистината и вршат поделби во Македонија – додаде тој.

Поврзани новости