Милевски: Не би го гласал договорот со Грција доколку сметам дека е штетен

by fokus

Пратеникот и претседател на ЛДП, Горан Милевски, рече дека не би го гласал договорот за името со Грција доколку смета дека е штетен.

-Ние не сме венчани во парламентот да седиме, доколку мето мислење е спротивно на официјалната политика на власта тогаш немам проблем да се повлечам, јас сум професор и утре ќе се вратам на своето професорско место. Но ако сметам дека решението е исправно, ќе го бранам – рече Милевски во вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал5.

Тој додаде дека не вреди понижени да влеземе во ЕУ и НАТО.

Во врска со име за надворешна употреба тој рече дека секое име е подобро до ФИРОМ.

-Денешните генерации не ни знаат што значи тоа, затоа што не живееле во Југославија. Националистичките прашања треба да се тргнат настрана. Да не ги дразниме граѓаните со националистичка пропагнада. Имаме загрижувачки податоци, луѓето си заминуваат од Македонија, а морталитетот е повисок од наталитетот. Не треба да дозволиме поради колебливост и неспремност да не го решаваме проблемите и конфликтот – рече тој.

Поврзани новости