1.1K
Новоизбраниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Според Таравари, условот за ново парламентарно мнозинство е почитувањето на Преспанскиот договор, а како што вели, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема проблем со тоа.
„Имаме наши услови. Сме разговарале со Мицкоски. Мицкоски нема забелешки за тоа. Преспанскиот договор мора да се почитува. Наш главен услов е интеграција на Македонија во ЕУ, и Преспанскиот договор секако“, порача Таравари.
Тој додаде дека доколку не успеат да создадат ново владино мнозинство, тогаш ќе се оди на нови парламентарни избори, а како можен термин го спомена октомври следната година.