Обвинет во предметот „Шпански скали“ стана претседател на Советот на Аеродром

by fokus

Претседателот на Општински комитет Аеродром ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески денеска беше избран за претседател на Советот на Општина Аеродром. Тој беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Митески е обвинет во предметот „Шпански скали“ во кој заедно со Миле Јанакиески и уште 9 други лица се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Во јули годинава овој предмет беше вратен на почеток  по втор пат, откако судијата Горан Бошевски беше разрешен. Со тоа паднаа во вода сите дотогашни рочишта. Претходно, веќе еднаш судењето се повтори поради заминување на судија поротник и тоа во фаза кога беа изведени скоро 400 материјални докази.

Поврзани новости