Таравари најави можна соработка и со ВМРО и со СДСМ

by fokus

Изборот на кандидати за локалните избори во рамки на коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе започне на 15 јуни, a на 15 август ќе бидат објавени кандидатите за сите општини каде ќе се натпреварува оваа коалиција.

Генералниот секретар на АА, Арбен Таравари, денеска изјави дека ќе се обидат да соработуваат со која било партија, вклучително и со ВМРО-ДПМНЕ, и со СДСМ, како и со ромски и турски партии.

-Алијансата за Албанците заедно со Алтернативата ќе има соработка со повеќе партии. И македонски и албански, турски, ромски. Со сите партии кои имаат кредибилитет во општините каде што се натпреваруваме – рече Таравари.

Поврзани новости