Таравари: Кирацовски греши кога мисли дека по дифолт гласовите на Река ќе одат кај СДСМ

by fokus

Кирацовски греши кога мисли дека по дифолт гласовите на Блерим Река ќе одат повеќе за СДСМ, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во вчерашната дебата на ТВ24, реплицирајќи му на генералниот секретар на СДСМ.

Како што рече Таравари, причина за непријателството меѓу Алијанса за Албанците и СДСМ е тоа што владејачката партија неколку пати му ги одземаше ингеренциите во Општина Гостивар.

-И за време на референдумот ми беше тешко во Гостивар да кажам дека Пендаровски ги заслужува гласовите. Два пати ми ги одземаа ингеренциите, буџетот два пати не ми го гласаат, на програми за вработување не можам ни да помислам, секој ден ми праќаат финансиска полиција како дрога да произвоедуваме во Општината. Го прашав Села дали Груевски постапувал така за време на неговото владеење, а тој ми вели „не до тој степен, и тогаш имаше притисоци, ама не вака“ – рече Таравари додавајќи дека во вториот круг од претседателските избори во 2014 година гласал за Пендаровски, иако ДУИ инсистирале кај албанските граѓани да не се гласа.

Според Таравари во вториот круг од овие избори ќе биде тешко да се постигне цензус.

Поврзани новости