Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли преку својот фејсбук профил ги повика Албанците во Македонија на вториот круг од претседателските избори да гласаат за кандидато кој ја гарантира европската иднина на дражавата.
„Го ценам мирниот развој на претседателските избори, како и делумните локални избори во Република Северна Македонија. Овој процес претставува уште еден чекор во демократската зрелост на оваа земја. Албанците ја збогатија политичката понуда со кандидатурата на професорот Блерим Река и со поддршката на консензуалниот кандидат. Сега е време што во вториот круг, во името на унапредувањето на нивниот статус, Албанците да се здружат во поддршка на тој кандидат кој го гарантира патот, без враќање назад, кон евроатланската интеграција на Република Северна Македонија. Така, албанскиот глас ќе тежи повеќе и тие ќе ја зголемат својата политичка тежина во институциите како рамноправни граѓани на соседната држава“, стои во неговиот пост на Фејсбук.