424
Арбен Таравари денес после пладне планира да ја поднесе оставката од функцијата министер за здравство, која функција ја имаше само пет месеци, потврди тој во изјава за „Фокус“.
– Денеска планирам да ја депонирам оставката и веќе од утре почнувам на новата функција како градоначлник на Гостивар. Веднаш планирам да почнам со работа и да обезбедам подобри услови за живеење на граѓаните – истакна Таравари.
Тој додава дека во партијата се уште не разговарале кој ќе го презеде кормилото во министерството за здравство по неговото заминување.
– Не верувам дека Зијадин Села ќе се нафати да биде министер. Тој ќе остане пратеник. Некој од нашата партија ќе биде, но тек ќе преговараме. Засега, нема некое име, за да можам да кажам – додаде Таравари.