Таравари: Ако напаѓачите на професорите беа од Алијансата досега ќе беа зад решетки, а од ДУИ шетаат слободно

by Fokus

Насилството што се случи во дворот на гостиварската гимназија е невиден срам што никогаш не се случил во историјата на Гостивар, е оценката на градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари за настанот кога во петокот двајца професори се задобија со телесни повреди во физичка пресметка со две други лица.

Градоначалникот на денешната прес-конференција побара од просветниот инспекторат да го информираат и него и пошироката јавност, што презел по инциндентот во дворот на гостиварската гимназија, бидејќи како што нагласи, тој нема увид во работата на училиштата откако му се одземени ингеренциите.

– Исто така бараме и МВР и Јавното обвинителство да преземат конкретни чекори во врска со овој настан. Јас сум убеден, доколку напаѓачи беа членови на Алијансата за Албанците, тие ќе беа зад решетки. Но, кога се работи за членови на ДУИ, тие се шетаат слободно и се закана за околината. Ако нема исход, ние, нашите деца и училиштата ќе бидат заложници на наслиници, подвлече Таравари.

Тој очекува и разрешување на актуелниот директор на средното општинско училиште, бидејќи како што наведе, тој ја иницирал тепачката во дворот.

Поврзани новости