Талески искапен и спремен за в затвор

by Фокус

На вечерашните протести во Битола, демонстрантите на влезот на општината поставија кукла со маска од градоначалникот Владимир Талески порачувајќи му дека ќе заврши зад решетки.

Куклата која носи пелена и има врзан сапун околу вратот, битолчани ја закачија на оштинската ограда и скандираа „Готов си за в затвор!

Граѓаните му порачаа на битолскиот градоначалник дека нема да дозволат да се извлече со аболиција, и бараат да одговара за криминалите за кои го сомничи Специјалното јавно обвинителство.

Тие и денеска во голем број излегоа на протест и побараа оставка на градоначалникот Владимир Талевски и поништување на аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов.

Демонстрантите, плоштадот „Магнолија“ го преименуваа во плоштад „Шарена револуција“, а потоа упатија барање, по одлуката на Уставниот суд за сопирање на изборната кампања, следниот чекор да биде укинување на аболицијата и затвор за криминалците од врхушката на власт.