Талески бара од Иванов да ја повлече аболицијата

by Фокус

„Почитуван Претседателе на Р. Македонија, како градоначалник на Битола работам искрено, посветено и одговорно за доброто на граѓаните. Не сакам да има сомнеж или шпекулирање за моето законско работење и затоа од Вас барам аболицијата за мене да ја повлечете. Подготвен сум да ја докажам вистината за моето чесно работење, убеден дека надлежните државни институции ќе се интересираат за факти и докази, а не за тенденциозни и неаргументирани обвинувања“, се вели во писмото на Талески.

Специјалното јавно обвинителство, пред неколку дена, откри дека работи на случај под името „Транспортер“, во кој ја разоткрива мрежата на директорите на училишта во Битола и транспортерите, во кој се истражува како битолските ученици добиле најскап превоз, а во целиот случај вмешан е и градоначалникот Талески.

Во сабота, и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски испрати слично писмо до Иванов, да ја поништи неговата аболиција.

Истото го направи и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Поврзани новости