Претседателот на Собранието Талат Џафери на покана на високите преставници на ЕУ и на Европскиот парламент денеска е во прва официјална посета на Европската Унија.
Предвидено е Талат Џафери да се сретне со Комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан и со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини.
Претседателот на Собранието ќе оствари средба и со претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани како и европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн“, соопшти Кабинетот на собранискиот претседател.
На средбите, како што се вели во соопштението, Џафери уште еднаш ќе ја реафирмира определеноста на Македонија за полноправно членство во Европската Унија, како и улогата на Парламентот во тие процеси.
„Претседателот Џафери ќе ги запознае своите соговорници со состојбите кај нас, со посебен акцент на продолжување на процесот на формирањето на новата влада како израз на парламентарното мнозинство, кое произлегува од волјата на граѓаните на Република Македонија изразена на парламентарните избори во декември минатата година“, се вели во соопштнието.