Таксист од Скопје бил повреден и ограбен синоќа на булевар „АВНОЈ“, откако три лица насилно му одзеле 920 денари и избегале, велат од МВР.
„Вработен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”, вчера во 22:25 часот телефонски пријавил дека бил донесен А.М., кој од страна на непознато лице бил повреден. Во извршен разговор со повредениот А.М.(47) од Скопје пријавил дека околу 19.15 часот на булевар „АВНОЈ” додека управувал такси возило и во него се превезувале три лица со употреба на физичка сила му одзеле 920 денари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, се вели во соопштението на МВР.