Му го украле автомобилот додека пазарел во маркет

by Fokus
Мало невнимание на скопјанец го чинело автомобил синоќа, откако му бил украден од булевар „Партизански одреди“. Крадците го искористиле неговото внимание додека тој пазарел во маркет.
„Во Полициска станица Центар В.Н.(34) од Скопје вчера пријавил дека околу 01:00 часот на булевар „Партизански одреди” од страна на две машки лица одземено му е патничко моторно возило “Форд Куга” со скопски регистарски ознаки. Сторителите искористувајќи го невниманието на пријавителот кој возилото го оставил да работи и отишол да купи производи од маркет го одзеле истото и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и возилото, како и целосно расчистување на случајот.“

Поврзани новости