Лани имало 35 починати новороденчиња на 1.000 живородени, годинава 25 починале на 1.000 живородени

by Fokus

Намалена е стапката на смртност на предвреме родените новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје во првите десет месеци  од годинава во споредба со 2017 и 2016. Лани имало 35-36 починати новороденчиња на илјада живородени, а заклучно до 15 ноември годинава има 25 новороденчиња на илјада живородени. Починати новороденчиња на Одделението за интезивна нега и третман во 2016 имало 24-25 отсто, во 2017- 21 отсто, а сега 16 осто.

– Преземемени се многу мерки, имавме огромна помош од Владата, од Министерството за здравство, псотојано на клиниката беа присутни експерти од Светската здравствена организација и со општествено одговорни компании направивме многу за да ја намалиме смртноста која беше наш императив, рече на денешната прес-конференција директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска.

Началникот на Интензивното одделение на Клиниката за гинекологија и акушерство Елизабета Петковска информира дека годишно згрижуваат на Одделението за интезивна нега и терапија од 650 до 750 предвремено родени новороденчиња. Тоа се високоризична група на нопвородени деца кои бараат одредена одредена нега и третман.

Петковска потенцира дека намалувањето на смртноста кај предвреме родените новороденчиња е успех на самото Одделение, на новиот менаџмент, на новите вработени, на зајакнатиот тим со медицински сестри и доктори, на големото влијание на невладиниот сектор, како и на СЗО во соработка со Министерството за здравство и ресорниот министер Филипче.

На денешната прес-конференција директорката Јовановска и претседателот на граѓанската невладина организација „Лулка“ Денис Ал Кхалили потпишаа Меморандум за соработка со што им се дава поддршка на сите родители кои имаат предвреме родено дете, во текот на процесот на третман на  новороденчињата и по излегувањето од болница. Соработката е со цел да се насочиме кон превенција, со едукација на трудници и со едукација на младите пред забременување.

„Лулка“ заедно со персоналот на клиниката ќе работи на подобрување на комуникацијата меѓу родителите и персоналот, подобрување на негата и поддршката, едукација за доењето, подобрување на комуникацијата со семејствата кои имаат предвреме родено бебе или кои, за жал, го загубиле бебето. Семејствата кои имаат терминско или предвреме родено бебе, целата своја надеж и желба за новиот живот на своето бебе ја насочуваат кон оваа Клиника, а она што најмалку можеме да направиме е да бидеме отворени, да им дадеме поддршка и совет, и заедно да соработуваме, да бидеме партнери во грижата за нашите трудници, мајки и новороденчиња.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање  рече дека верува во стручноста на неговите колеги, гинеколози. Смета дека има доволен број на гинеколози, но не се добро распределени.

Поврзани новости