Таки Фити: Не сите членови на БАН застанаа зад политиката на бугарската влада

by fokus

Академик Таки Фити за емисијата Трилинг  вели дека историска вистина е дека Бугарија во време на Втората Светска војна беше на погрешната страна во сојуз со Хитлер.

Бугарите не треба да бидат фрустрирани поради соработката со Хитлер и Третиот рајх.  Денес никој не вели дека Бугарија е фашистичка земја “, вели екс претседателот на МАНУ во интервју за Трилинг.

Според Фити, не сите членови на бугарската академија на науките и уметностите застанаа зад политиката на бугарската влада, додавајќи дека МАНУ и БАН реализирале  50 тина научни програми, преведени на двата јазици македонски и бугарски.

Покрај академик Фити, во емисијата гостуваат и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и проф. Јордан Шишовски.

Поради изборниот молк емисијата Трилинг ќе се емитува во недела во 21.00ч.

Поврзани новости