Во период од две години, на Економскиот факултет документиранин е поткуп од 2 800 евра, информира денеска Основното јавно обвинителство.
За тоа време тајни агенти- студенти му плаќале на професори и по 1 000 евра за преодна оценка.
Обвинителката Лидија Раичевиќ рече дека сите осомничените во акцијата „Еразмус” се звучни имиња, интелектуалци кои и се познати на јавноста и дека дополнително таа би ги соопштила имињата на сите, иако го спомена со име и презиме само професорот Бобек Шуклев.
Во „Еразмус“ осомничени се осум лицa од кои шест професори на Економскиот факултет при УКИМ, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс.
Tиe се сомничат за повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, според обвинителството, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит.
Обвинителството најпрво побара притвор за осомничените, но по неколкучасовен распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка на петмина им одредил мерки на претпазливост, односно да им бидат одземени пасошите и обврска да се јавуваат пред надлежен суд.