Хајндл ќе го враќа во живот договорот од Пржино

by fokus 11:13
11:13

Германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл ги заврши средбите со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. Посредникот денеска ќе ја информира јавноста дали и каков компромис  донела неговата трета посета во Македонија.

Според партиските соопштенија од спредбите со Хајндл, главна тема на преговарачката маса бил договорот од Пржино.

И власта и опозицијата се согласни за формирање на нова Влада што ќе организира и спроведе избори, како што предвидува договорот од Пржино. Но, партиите и понатаму имаат различни ставови околу клучни точки од договорот.

Опозицискиот лидер Зоран Заев од германскиот пратеник барал Влада за спроведување „брзи”  демократски избори, кои би можеле да се одржат на крајот од октомври или почетокот на ноември.

СДСМ бара и Уставниот суд да ја потврди уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство со што ќе може  оваа институција да функционира непречено и без притисоци.

Заев рекол дека со политичка волја од сите страни е можно ефикасно прочистување на Избирачкиот список и обезбедување услови за медиумско балансирано известување.

ВМРО-ДПМНЕ пак бараат гаранции дека опозицијата ќе го прифати Избирачкиот список како кредибилен и ако покаже сериозна подготвеност  за избори,

Лидерот на партијата, Никола Груевски, на средбата со Хајндл истакнал дека за ВМРО-ДПМНЕ избори се прифатливи во секој термин, но нема да се дозволи државата и „граѓаните повторно да бидат заложници на ново лицитирање со термини, како што било во изминатиот период.”

Хајндл засега само го поздрави целосното повлекување на аболицијата, за кој вели дека беше неопходен чекор, но порача дека потребни се уште многу реформи за непреченото спроведување на правдата.

Како што најави Германската амбасада, германецот денеска треба да ја информира јавноста за заклучоците од дводневните средби во македонските политичари.

Поврзани новости