Трите услови на „Германецот” за излез од кризата

by fokus

Специјалниот германски посредник Јоханес Хајндл смета дека Пржинскиот договор е излезот од кризата, но жали што македонските политичари не работат во таа насока и ја одовлекуваат неговата имплементација.

– Добрата вест е дека има излез од кризава, а тоа е договорот од Пржино, чии принципи и начела го поставуваат патот во правец на демократија, стабилност и евроатлантска интеграција. Лошата вест е дека овој процес се одолговлекува, кризата продолжува да и нанесува штета на земјата и, искрено, времето изминува. Затоа мојата порака беше дека е потребно да се реафирмира и ревитализира Пржинскиот договор  како валидна и обврзувачка рамка за реформскиот процес кој претстои, истакна Хајндл во изјавата за медиумите пред Германската амбасада.

Амбасадорот Хајндл порача дека времето истекува, а посочи три точки што се важни да се спроведат без одложување.

– Прво, партиите треба да се договорат за датум за изборите и да го направат тоа што е потребно за спроведување слободни и фер избори. Второ, на Специјалното јавно обвинителство мора да му биде овозможено да работи без опструкции и, трето, партиите мора да се договорат без одложување за спроведување на реформите нотирани во извештајот на Прибе. Потребно е лидерите на партиите да го стават интересот на земјата на прво место и да ги спроведат потребните реформи – подвлече Хајндл.

Тој уште еднаш ја поздрави одлуката на претседателот Иванов за повлекување на сите аболиции, за партиите да може да се посветат на договореното во Пржино.

Поврзани новости