Десковска: Лидерите да разговараат за изборни термини, но нивната волја да не биде над Уставот

by Фокус

Ако не се продолжи вонредната состојба, во тој случај изборите неминово паѓаат дваесет и два ден по завршувањето на вонредната состојба, рече министерката за правда Рената Треневска – Дескоска на Канал 5.

-Уредбата беше со цел да запрат изборните дејствија коишто беа почнати во времето кога веќе се прогласи вонредна состојба. Сите се сеќавате дека имаше прва лидерска средба на која се даде задача на експертите да размислуваат и да разговаат околу можностите за прекинување на изборните дејствија. Со оглед на тоа што не се свика Собранието единствено можно правно решение за прекин на изборните дејстивја е носењето на оваа уредба – истакна министерката Дескоска.

Таа додаде дека истото е прифатено и усвоено во заклучокот на Државната изборна комисија, во којшто се вели дека „по завршувањето на вонредната состојба, ДИК ќе донесе ревидиран роковник во којшто ќе бидат предвидени оние дејствија коишто не биле преземени пред прогласувањето на вонредната состојба”.

-Мојата порака е дека лидерите може да разговараат за одредени рокови или термини за избори, но тие термини мора да бидат во рамките на Уставот, со почитување на уставните одредби, бидејќи никој, ниту волјата на лидерите не смее да се стави над Уставот на нашата држава. Ако не се продолжи вонредната состојба, во тој случај изборите неминово паѓаат дваесет и два ден по завршувањето на вонредната состојба – порача Дескоска.

Поврзани новости