Поради успешното справување на министерот за здравство Венко Филипче со пандемијата има видно зголемување на рејтингот на СДСМ, изјави универзитетскиот професор Сефер Тахири на „360 Степени“.
– Сега СДСМ инсистира што поскоро да оди на избори зашто нејзиниот рејтинг благодарение на министерот за здравство, но без да ги заборавиме и другите актери кои се активни во справувањето со ситуацијата, министерот е само една личност и целиот систем кој се раководи од Влада, колку и да е таа техничка, ние знаеме дека оваа партија заедно со другите партии се носители на власта. А од друга страна предноста што ја имаше ВМРО-ДПМНЕ, односно високиот рејтинг што го имаше ВМРО-ДПМНЕ пред пандемијата во однос на СДСМ или резултатите од анкетите кои покажуваа предност на едната и на другата, сега веќе ја нема – рече Тахири.
Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ја повтори грешката од 1994 година, кога ги бојкотираше изборите.