Кога минатата година сопственикот на кучето со име Вуди починал, за жал, никој не сакал да го вдоми, а ниту самиот Вуди не сакал да има нов сопственик.
Семејството се преселило, а Вуди останал во куќата каде што со години живеел со својот газда, надевајќи се дека тој ќе се појави. Вуди не можел да се помири со фактот дека нема да го види неговиот газда, па со недели го чекал скриен под покривот на куќата која веќе почнала да се распаѓа.
Неколкумина соседи му давале храна, а Вуди не се поместувал од куќата. Тогаш, соседите решиле да преземат нешто, бидејќи не можеле да го гледаат Вуди прегладнет, измачен, валкан и исплашен.
Оваа приказна има среќен крај – она што ќе се случи со Вуди нема да ве остави рамнодушни. Погледнете ја неговата приказна.