Тачи за РСЕ: Наводниот договор на ДПА со ВМРО излегува од кујните на СДСМ

by Фокус

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во последното интервју за „Радио слободна Европа“ (РСЕ) вели дека се смешни информациите оти неговата партија била во некаков договор со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова со ВМРО-ДПМНЕ веќе станува смешна работа. Ги знам кујните од каде доаѓаат таквите претпоставки, тоа се СДСМ, тоа нема врска – вели Тачи.

На новинарското прашање зошто Тачи и покрај средбите со директорот на УБК, Сашо Мијалков и покрај предизборните најави не е во власта, првиот човек на ДПА изјави:

– Пак од истите кујни, од СДСМ, мислам дека јалова е нивната работа, додека вака се однесуваат нема да се вратат на власт 100 години. Да се напаѓа опозиција од страна на опозиција можеби за нив е логично, но за мене е нелогична ситуација, немате таква ситуација. По сто пати сум повторил, сум се сретнал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, тој раководеше со делегација, дали тука бил Мартин Протуѓер или Сашо Мијалков, тоа не е важно за мене. Втора работа, исто сум се сретнал и со господинот Ахмети. Јас имам мандат да се среќавам со сите. Реалноста денеска укажува дека немаше никакви заткулисни договори, тие се во братски договор со ДУИ и со господинот Ахмети, и Мијалков и другите се блиски соработници со господинот Ахмети, и мислам дека веќе е смешно да се одговара на вакви претпоставки.

Поврзани новости