425
Скопјанец вчера околу 18 часот пријавил дека на последна 45-ка во скопската населба Ченто, две непознати машки лица со црн „џип“, со црни униформи на кои на грбот на албански им пишувало „Полиција“, а на ракавите „Илирида“, со црвени беретки, со пушки во рацете, му се обратиле со зборовите „Ние сме полицајци од Илирида“, по што му побарале лична карта, а потоа се упатиле кон Арачиново.
Арно ама, од полицијата информираат дека откако разговарале со „сведокот“ констатирано е дека настанот го измислил и го пријавил на бројот 192 и тоа наводно го сторил „од негови лични причини“.
– Констатиран е прекршок и на лицето му е издаден налог по чл.16 од ЗППЈРМ – велат од МВР.