НОВО: Владата објави јавен оглас за нови работни места во парламентот

by lali 20:54
20:54

„Одлучивме повеќе да не чекаме и ја молиме опозицијата да се врати во парламентот затоа што не чекаат уште 19 767 нови закони за донесување. Свесни сме дека во Македонија постои демократија, па не би било фер ние сами да ги предложуваме и да ги изгласуваме сите закони. Ни треба и одговорност од опозицијата. Ја научивме лекцијата од претходно, кога од парламентот на сила ја извадивме тогашната опозицијата, па сега не сакаме истото да го направиме за да ја вратиме. Оваа политичка криза, овој пат, одлучивме да ја решиме по мирен и транспарентен пат, што е практичен и карактеристичен за оваа Влада. Сите добро знаете дека Владата постојано креира нови работни места, па затоа се одлучивме и на овој потег“, стои во краткото соопштение на Владата.

Само неколку часа подоцна излезе и портпаролот на Владата со подетално објаснување за критериумите околку овие работни позиција.

- Advertisements -

„Очекуваме заинтересираноста да биде голема за овие работни места, па затоа и моравме да поставиме неколку критериуми, односно сите кандидати мора да бидат невработени и помлади од 29 години со што државата би била ослободена од плаќање социјални придонеси во текот на првата година од нивното вработење. Освен овие два критериума, ние воспоставивме и олеснителна околност околку аплицирањето на овие работни позиции. За разлика од сите останати огласи за вработување преку Владата, овој пат кандидатите не мора да се членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, туку можат да бидат и граѓани без партиска припадност“, се изјасни и портпаролот на Владата на вчерашната прес-конференција.

 

Напомена: Веста е измислена и сатирична, сѐ додека не се оствари и стане реална.