621
Србија порано или подоцна ќе ја признае независноста на Косово, a сонот на српскиот дел на сецесијата на Косово ќе заврши засекогаш, изјави министерот за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи во интервју за агенцијата Хина.
Запрашан за неодамнешната изјава на премиерот на Албанија, Еди Рама, за можноста за обединување на Косово со Албанија, Тачи вели дека идејата за Голема Албанија е зачната во Србија и нема никаква врска со Албанците.
-Идејата за Голема Албанија не ја смислиле Албанците, туку непријатели на Албанците, а Белград погрешно ја протолкува изјавата на Рама, рече Хашим Тачи.