Сакам да имам избор, но немам ни за прибор, мамо, мамо спаси ме!

by Фокус

Средношколскиот пленнум продолжува со креативниот начин на изразувањето на својот револт од игнорантскиот однос од страна на министерот за образование, Абдулаќим Адеми. Средношколците денеска објавија преработен текст на песната „Неправда“ од легендарната скопска рок-група „Лева патика“.

„Сакам да имам избор, но немам ни за прибор

Мамо, мамо спаси ме

Сакам матура како лани, а не куп лаги

Мамо, мамо спаси ме

Екстерно, јас имам екстерно.

Немаш ти, имам јас

Сите велат дека многу барам

Оооу барам, барам,

Но полагам.

Сакам, сакам јас да учам, но не и да се мучам

Мамо, мамо спаси ме

Ух што сакам јас да учам, но со нов концепт јас се мучам

Мамо, мамо спаси ме

Екстерно, јас имам екстерно.

Немаш ти, имам јас

Сите велат дека многу барам

Оооу барам, барам, Но полагам.“

 

Поврзани новости