Освен Водно – Пантелејмон, сите други патишта се проодни

by Фокус

Од ноќеска блокиран е патот од Средно Водно кон Пантелејмон во двата правца, поради свлечиште на земја, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Од таму известуваат дека другите патишта кои беа затворени сега со нормализиран сообраќај. Сообраќајот на локалниот пат Стенче-Гургурница, на местото Локва, во 21 часот е нормализиран и се одвива без никаков застој. Забраната за сообраќај поради свлечиште на патниот правец А-3 Ресен-Прилеп, обиколница на Битола, е укината и сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила.

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово, Дебар, Струга, Демир Капија, Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Поврзани новости