Тачи: Спорот за името е дел од преговорите на лидерската четворка

by Фокус 13:28
13:28

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи истакна дека спорот за името е дел од преговорите на лидерската четворка со амбасадорскиот двоец, Џес Бејли и Аиво Орав.

Тачи не откри повеќе детали, но вели дека дел од пакетот на маса е спорот за името а тврди дека неговиот впечаток по посетата на Коцијас во Скопје е дека грчките ставови не се повеќе така радикални по прашањето за името.

- Advertisements -

Тачи вели дека премногу е рано да се дискутира околу можноста за референдум за името заедно со изборите во април догодина.

 

Поврзани новости