ДПМНЕ демантира дека на лидерските се разговарало за името

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ попладнево демантираше дека на лидерските средби кои се одржуваа изминатиов период тема на разговор бил и спорот со името и предлози за негово решавање.

-Во врска со денешната изјава на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, би сакале да соопштиме дека на разговорите на кои што учествува ВМРО-ДПМНЕ, до сега немало никаков предлог за решавање на проблемот со името, стои во соопштението на владејачката партија.

Денеска, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, рече дека спорот за името е дел од преговорите на лидерската четворка со амбасадорскиот двоец, Џес Бејли и Аиво Орав. Според Тачи, неговиот впечаток по посетата на Коцијас во Скопје е дека грчките ставови не се повеќе така радикални по прашањето за името.

Поврзани новости