366
Македонија во споредба со лани кога беше пред амбисот се повлекла назад, рече лидерот на ДПА , Мендух Тачи по денешната средба во Скопје со Кристијан Даниелсoн, директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија.
– Се сложивме дека фер и демократски избори се главниот лек за големата рана што се отвори минатата година. Сите политички партии треба да работат на исполнување на условите до денот на изборите, зашто по тоа ќе има проценка и сите треба да мислиме дека таа проценка за земјата треба да значи одење напред – вели Тачи.