Цивил бара одложување на изборите за три месеци

by Фокус

Невладината органзиација Цивил бара оставка на владата и терминот за предвремени парламентарни избори мора да се помести најмалку до крајот на септември, затоа што не се создадени услови за одржување слободни избори на 5 јуни.

„Одложувањето на терминот за избори мора да се искористи за низа итни чекори и мерки за создавање услови за слободни избори. Меѓу другото, потребни се дополнителни реформи на ДИК, односно нејзина професионализација. Понатаму, сè уште има простор за подобрување на Изборниот законик. Мора да се спроведе доследно чистење на Избирачкиот список. На Република Македонија ѝ се потребни итни и суштински зафати во судството, пред сè, во поглед на воспоставување и непречено функционирање на специјално одделение во Кривичниот суд кое ќе се занимава со предметите кои произлегуваат од работата на Специјалното јавно обвинителство. Воедно, мора да се создадат услови за ослободување на медиумите од партискиот диктат, но и администрацијата, стопанството и општеството во целост“, се наведува во соопштението на Цивил.

Поврзани новости