Тачи: Политичкиот договор не би имал значење без името

by Фокус

Доколку не се постигна договор околу прашањето за името, дијалогот кој се води помеѓу политичките лидери нема да има никакво значење, изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи, на одбележувањето на годишнината на партијата.

– Слушнавме демантираат две политички партии од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, дека ние не сме разговарале за прашањето за името, за време на лидерските состаноци. Уште еднаш повторувам, ако не се реши прашањето за името, целиот овој дијалог кој е спонзориран од меѓународната заедница нема да има значење. Ги повикувам сите да ја видат втората точка од договорот во Пржино, каде што ние сите се залагаме да се придвижи евроинтеграцискиот процес на Македонија – рече Тачи.

Поврзани новости