ВМРО-ДПМНЕ: Новото партиско седиште се уште не е во функција

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ целата постапка за изградба на новиот објект каде ќе биде сместено партиското седиште ја водеше крајно транспарентно, со објави во весници и со контиунирано информирање на јавноста за сите чекори од постапката, реагираат од владејачката партија по информациите од Општина Центар дека овој објект отстапува од правилата и дека неговата градба е проследена со низа неправилности.

„Под транспарентна постапка беше избран и инвеститор. Постапките пред Центар се во тек за финално добивање на употребна дозвола, за што општината мора да знае, бидејќи инвеститорот на објектот има благовремено доставувано со цел да ги запази сите постапки и процедури кои што се неопходни. Објектот во Центар сеуште не е ставен во функција, а ВМРО-ДПМНЕ својата работа ја извршува во привремениот штаб“, стои во соопштението.

Поврзани новости