Тачи најавува задржување на лидерската позиција во ДПА

by fokus

Главната тема што ја интересира јавноста а е поврзана со конгресот е дали ќе има промена на претседателската позиција. Веројатно ќе нема.

Вака Мендух Тачи одговори на прашањето во врска со претстојниот Конгрес на партијата на кој треба да се бира претседател на ДПА во утринското гостување на Утрински брифинг.

-Јас не сум одлучил дали ќе се кандидирам, но од морален аспект не можам да му речам на членството дека ќе се повлечам. Знаете, турбуленции има на конгреси на големите партии каде има големи интереси, вели Мендух Тачи, лидерот на ДПА, за Утрински брифинг.

Тој додаде дека малите политички партии на Албанците кои се појавија во последно време набргу ќе исчезнат и ќе останат само два политички субјекта, а едниот од нив е ДУИ – која е константа на власт веќе предолго време, додека другиот според Тачи ќе биде ДПА која ќе почне да зајакнува.

-ДУИ со Али Ахмети ќе се држи додека се на власт. Кога нема да бидат на власт ќе биде друго. Нашата земја помина и поминува низ криза која ги држи партиите споени и да се држат една со друга. Политичките партии ќе се движат вака и тоа нема да се смени, вели Тачи.

 

Поврзани новости