Бугарското Народно собрание ја сослушува Генчовска за Македонија

by fokus

Народното собрание на Бугарија започна со сослушување на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска за процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и одлуката за одобрување рамката за преговори.

Сослушувањето предизвика спор меѓу „Промената продолжува“, ГЕРБ и „Има таков народ“. Од „Има таков народ“ предложија затворена седница за да може бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска да им соопшти на пратениците тајни белешки за разговори меѓу претставници на бугарската влада и дипломати.

Подоцна, координаторот на пратеничката група на „Промената продолжува“ Андреј Ѓуров пред новинарите изјави дека предлагаат седницата да биде отворена за да можат сите бугарски граѓани да ја дознаат вистината за Република Северна Македонија.

Поврзани новости