Петков: За евентуално решение со Македонија мора да одлучуваат пратениците

by fokus

За прашањето за Северна Македонија мора да одлучуваат само бугарските пратеници, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред почетокот на редовна владина седница, додавајќи дека Владата ќе расправа за одлука со која се предвидува за сите предлози од француското претседателство со Европскиот совет или од земја членка на ЕУ за темата со земјава да се расправа на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.

– Секој предлог што се разликува од рамковниот став треба веднаш да се испрати до Народното собрание и да не се дава согласност додека се разговара по него. Доколку има негативна одлука, автоматски да се даде негативен одговор, нагласи Петков.

Тој додаде дека предлог одлуката по која ќе расправа на владината седница има две точки, со што во првата се наведува дека „секој предлог на француското претседателство со Европската унија, земја членка или Европската комисија во врска со одобрувањето за членство на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската Унија и направен во подготовка или одржувањето на состаноците на Комитетот на постојани претставници или на Советот за општи работи, кое отстапува од Рамковната позиција на (бугарскиот) Совет на министри од 2019 година, веднаш да биде испратена од Постојаното претставништво на Република Бугарија во Европската Унија и Комисијата за надворешна политика во Народното собрание“.

Поврзани новости