426
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска во Челопек најави дека по изборите ќе бидат донесени закони за ослободување на сите Албанци од долговите кои ги имаат кон државата, како и за амнестија на затворениците – Албанци.
-Ова е многу важно и затоа тоа ќе биде првото што ќе го направиме. Тоа ќе бидат првите два закони кои ДПА ќе ги донесе – рече Тачи.
Тој додаде дека ДУИ водела погрешна политика како владејачки партнер, бидејќи, според него, не ги задоволила потребите на Албанците за подобар живот.