Граѓанин довикувал до Груевски, полицијата го отстранила од митингот

by Фокус

Лице кое на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром довикувал до партискиот лидер Никола Груевски дека по изборите ќе заврши во затвор го предизвикало вниманието меѓу насобраните граѓани.

Од Министерството за внатрешни работи за Фокус велат дека ова лице не било приведено, но било отсрането од местото на собирот, за да се избегне поголем инцидент.

Отстранетото лице не пријавило во полицијата дека било нападнато од некој од присутните или обезбедувачите на митингот на владејачката партија.

Поврзани новости