Гласот за ДУИ или за новите помали албански политички партии директно оди за македонските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истакна лидерот на ДПА Мендух Тачи, барајќи го гласот на жителите на гостиварско Чегране.
– Нашите политички конкуренти од ДУИ со својот несериозен однос придонесоа местата, градовите и селата каде живеат Албанци да се празнат, бидејќи еве и тука во Чегране нема канализација, асфалтирани патишта, училиште, здравство. И гласот за помалите партии од албанскиот политички блок во Македонија директно оди за партиите на Груевски и Заев. Затоа, за да се запре егзодусот на младите, треба да се гласа масовно за подршка на програмата и платформата на ДПА како единствена опција за поодбрување на политичката и економската положба на Албанците – истакна Тачи.