Груевски: Опозицијата е алатка во скапо платено сценарио

by Фокус

Коалицијата „За подобра Македонија прерасна во големо движење, што се спротиставува на ова сценаријо, чија алатка е опозицијата, во кое се вложени милиони евра, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Скопје.

-Тие што вложувале во ова, не и мислат добро на државата и на вас, и вие го знаете тоа! Тие кои ја водат кампањата со опозицијата се истите тие кои се одговорни за кризата во државата, што се одговорни за тоа зошто нашата држава тапка во место во евро и евроатланските интеграции и кои имаат лоши планови за нашата држава. Тука е и опозицијата која е алатка во ова сценарио и чие работење вие е познато многу добро – рече Груевски.

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Никола Попоски, изјави дека опозициските водачи се профитери чија цел е да дојдат до функции.

-Вие знаете кој гради а кој руши, кој отвора а кој затвора работни места, кој гради патишта и иднина – рече Попоски.

Илија Димовски, носителот во третата изборна единица, пак, истакна дека претстојните избори ќе бидат референдум за унитарна и суверена Македонија.

-Не сакаме двојазичност и федерализација, туку нови фабрики и работни места – порача Димовски.

Антонијо Милошоски, предводникот на партијата во „петката“, рече дека на митингот присуствувале 60.000 луѓе.

Поврзани новости