Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, по средбара со германскиот специјален претставник на Македонија, Јоханес Хајндл, изјави дека Договорот од Пржино е мртов и дека е време за нов договор.
“Многу добра вест е тоа што ЕУ и натаму покажува конкретен интерес за Македонија. Се согласивме дека интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската Унија не би требало да има друга алтернатива. За нас договорот од Пржино е пропаднат време е за нов договор”, изјави Тачи
Тачи изјави дека за пропаѓањето на договорот од Пржино се виновни трите партии кои се дел од извршната власт, но дека за иницијативата на Ахмети за повторно заседавање на Собранието има сериозна политичка волја од сите политички актери.
„Не може да правиме маркетинг од оваа трагична ситуација. Ние осум дена и осум ноќи разговараме и сега јас ли треба да ви кажам што бараме. Тоа е тотално нефер однесување кон процесот на преговори. Еве на пример што бараме ние – новото собрание да биде дводомно и Албанците да имаат право на вето за секој договор. Ако одиме маркетиншки, како Ахмети. Не е фер додека се разговара да се изнесуваат во јавност идеите“ вели Тачи.