Ахмети: Бараме свикување на Собранието и крај на политичката криза

by Фокус

Повторно свикување на Собранието и ставање крај на политичката криза, беа главните теми на средбата помеѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети и германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл.

Тој рече дека го известил Хајндл дека во моментов нема услови за одржување на изборите на 5 јуни.

ДУИ ги претстави своите ставови за решавање на политичката криза. Во однос на изборите на 5 јуни сметаме дека не би било добро да се одржат, поради имиџот на нашата земја. Бараме начини како може повторно да се свика Собранието на Република Македонија. Го информиравме Хајндл дека ние ги преземаме сите мерки, во согласност со консултациите со правните експерти од земјата и странство како Собранието повторно да се стави во функција. Кога ќе проработи Собранието, ќе се отворат многу други прашања, изјави Ахмети.

Во германската амбасада на средба со специјалниот пратеник Јоханес Ханјдл пристигна и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, а по средбата со Тачи, Хајндл треба да се сретне и со евроамбасадорот Аиво Орав.

Иако Хајндл попладнево ја завршува својата дводневна посета во Македонија, засега нема најава дали тој ќе се сретне и со претседателот на државата Ѓорги Иванов.

Поврзани новости