„Шпион“ одложен поради отсуство на дел од обвинетите

by Фокус

Случајот „Шпион“ повторно одложен поради отсуството на дел од обвинетите. На Јавната седница во Апелациониот суд  немаше ниту Јавен обвинител од Специјалното јавно обвинителство, кое го презеде случајот.

Судијката Љиљана Ивановска шопова соопшти дека на 11 мај довиле писмено известување од СЈО, дека нема да присуствуваат на денешната јавна седница бидејќи предметот се уште им е во фаза на на проучување.

Поради ова, судот побарал затворите во Скопје и Куманово да не ги носат дел од обвинетите кои се уште се во притвор или издржуваат казна затвор за ова или за други дела. Па, така, од затворот во Идризово не беше спроведени првоосудениот Марјан Ефремов, како ни Горан Стојков и Мичо Насковски од затворот во Куманово.

Судот даде два термини за судење во јуни.

Поврзани новости