СЗО: Загрижува недостигот на солидарност

by Fokus

Светската здравствена организација (СЗО) се пожали на недостиг на солидарност и ги повика светските сили да го преземат водството во справувањето со пандемијата на Ковид-19, од што починаа повеќе од 900.000 луѓе во светот.

– Она што најмногу ме загрижува е она што го зборував цело време – недостиг на солидарност, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Адана Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева.

Според него, потребна е солидарност и светско лидерство.

– Само на овој начин ќе можеме да го победиме овој вирус, предупреди директорот на СЗО.

Поврзани новости