Детално метео за понатаму: Стабилно, суво и натпросечно топло време

by fokus
И во текот на следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, додека максималните дневни температури ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура и во следните денови ќе се искачува до околу 31 степен.
Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости