Речиси 230.000 случаи на новиот коронавирус се потврдени вчера во светот, со што вкупниот број на заразени надмина 14,3 милиони, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Досега се регистрирани вкупно 14.348.858 случаи, додека 603.691 лице починале од последици на Ковид-19.
Во последните 24 часа се потврдени 229.780 заразени и 5.111 смртни случаи.
Повеќето од случаите се забележани во Јужна и Северна Америка – 7.584.675. Во последното деноноќие бројот на случаи во овој дел од светот се зголемил за 133.573, а бројот на починати за 3.107 лица
Во Европа досега се регистрирани вкупно 3.079.218 инфицирани и 207.535 починати, а само во претходните 24 часа се забележани 17.145 заразени и 490 смртни случаи.
Во југоисточниот дел на Азија од почетокот на пандемијата потврдени се вкупно 1.436.141 случај на коронавирус и 34.388 починати.