491
Светската здравствена организација (СЗО) има податоци за 780 потврдени случаи на мајмунски сипаници во 27 земји во кои оваа болест не е ендемична, соопштија денеска од седиштето на СЗО во Женева.
„Од 13 мај до 2 јуни 2022 година, потврдени се 780 лабораториски докажани случаи на мајмунски сипаници пријавени или идентификувани од СЗО во 27 земји-членки каде што болеста не е ендемична“, се вели во соопштението на СЗО.