1K
Претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ денеска изјави дека пандемијата најверојатно ќе биде запрена во текот на 2021 година, но корона вирусот нема да исчезне.
Според официјалните статистички податоци, досега повеќе од 75,7 милиони луѓе биле заразени со вирусот, а повеќе од 1,6 милиони починале од последици на Ковид-19, објави ТАСС.
Досега, во Русија се потврдени 2.819,429 случаи на корона вирус, починале 50.347, а оздравеле 2.254,742 лица.
Руската влада отвори онлајн комуникација со цел навремено да ја информира јавноста за состојбата со епидемијата на коронавирусот